Шесткратниот македонски шампион Вардар ќе учествува на меѓународен турнир во Романија од 11 до 13 ноември.
Покрај Вардар, на турнирот на кој ќе се игра по систем секој со секого, ќе учествуваат уште три романски екипи.
Освен организаторот Униреа Слобозиа, ќе настапат и тимовите на Јаши и Дева, кои се дел од Втората лига на Романија.
Вардарки првиот меч ќе го одиграат в петок од 16:00 часот против Јаши, со Униреа ќ играат в сабота од 16:00 часот, а настапот на турниот ќе го завршат против Дева в недела од 09:00 часот.
На овој турнир нема да настапи репрезентативката Ивана Џатевска, која е дел од македонската репрезентација на Европското првенство.
Избраничките на Александар Царчев имаат седум од седум во Женската лига и овој турнир ќе го искористат за уште подобра подготовка за продожението на лигата на 24 ноември.