Селекцијата на Франција ја забележа втората победа на Европското првенство, откако славеше над Романија убедливо со 35-21.
Романките беа конкурентни до 7-7, потоа како да престанаа да играат. Новите ракометарки во францускиот состав, Коатенеа и Канор, погодија по два пати за 11-7.
До крајот на полувремето комплетно попушти концентрацијата на Романките и Франција ја обезбеди победата, 17-11.
Вториот дел мина во комплетна доминација на избраничките на Оливие Крумболц, кои не дозволија никаков камбек на ривалот.
Франција со оваа победа оди во главната рунда, додека Романија против Македонија ќе се бори „еден на еден“ за место во следната фаза.
07.11.2022 EURO2022 Романија-Франција
Најдобри стрелци во победничката селекција беа Нзе Минко со шест и Фопа со пет погодоци, додека кај Романија се истакнаа Грозав и Неагу со по пет гола.