Селекцијата на Македонија загуби од Холандија со 30-15 во второто коло од Европското првенство.
Една од најискусните во македонскиот состав, левото крило Јована Саздовска, смета дека пресудно е искуството на ривалот на ваков тип натпревари.
„Многу ми е жал и криво за публиката бидејќи ваква поддршка немаме секој ден. Холандија има амбиции за финалната фаза, а ние денеска немавме толку среќа. Противничките беа позрели од нас, не го искористивме она што ни се пружи, имавме многу технички грешки. Од грешките секогаш се учи, глава горе, имаме уште еден натпревар со Романија, 60 минути пред нас. Да се биде или не е тој меч, верувам во сите. Почнувајќи од себе разочарана сум, не го искористуваме она што ни се пружа, навистина ми е жал. Заморот, нивната техничка подготвеност, зрелост…беа пресудни, и дефинитивно се покажува дека играњето на вакви натпревари е пресудно, сето тоа има влијание на крајот за резултатот“, изјави Саздовска.
Следниот натпревар на Европското првенство, Македонија ќе го игра в среда против Романија во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.