Екипата на Охрид, која во новата натпреварувачка сезона влезе со големи амбиции, се засили со нов ракометар.
Станува збор за српскиот репрезентативен голман Александар Миленковиќ, кој со Охрид потпиша договор до 2024 година.
Миленковиќ има богата интернационална кариера, последните две сезони ги мина во шампионатот на Израел и во редовите на Охрид доаѓа од екипата на Макаби Киријат.
Во својата кариера настапуваше и за екипите на Мокра Гора, Металопластика Шабац, Партизан, Нови Пазар, Политихника Темишвар, Бершева и Слога Пожега.
На репрезентативно ниво има шест настапи за сениорската репрезентација на Србија.
Охрид во досегашниот тек од сезоната на голманската позиција на располагање ги имаше Зураб Цинцадѕе и Виктор Василевски.