Репрезентацијата на Германија со победа го стартуваше Европското првенство 2022, откако славеше против Полска со 25:23 во натпревар од групата Д, која се игра во Црна Гора, односно Подгорица.
Полска беше доминантна во првото полувреме и во најголемиот дел од вторите 30 минути, но во клучните моменти дозволи Германија да се врати во игра и да победи.
При водство на Полска од 21:19 во 50 минута, ракометарките на Германија со два гола во низа го израмнија резултатот на 21:21. Резултатот уште во два наврати беше нерешен (22:22, 23:23) и во последните две минути Германија постигна два гола и ги освои планираните бодови.
Најефикасна во победничката репрезентација беше Алина Гријселс со осум погодоци, додека Емили Белк имаше шест реализации. Во поразениот табор се истакна Магда Балсам со пет погодоци.