Крумболц и Дарле: Не беше лесно…

Македонија загуби на стартот на Европското првенство од селекцијата на Франција со десет гола разлика, 24-14.

Селекторот на Франција, Оливие Крумболц вели дека не било баш така лесно како што покажува резултатот.

„Првите натпревари на Европските првенства никогаш не се лесни. Среќен сум за тоа како одигравме во одбраната и во контрите, но во нападот не одигравме на тоа ниво на кое посакувавме. Резултат на крајот е добар за нас“, изјави Крумболц.

Една од најдобрите поединки во француската репрезентација беше голманката Клеопатра Дарле.

„Беше тешко за нас бидејќи првиот меч на ЕП секогаш е тежок. Одлично се подгтовувавме и среќни сме што на крајот победивме. Задоволна сум како одигра одбраната, а тоа е многу важно за голман. И посакувам многу среќа на Македонија во продолжение од шампионатот“, изјави Дарле.

Македонија во второто коло ќе се соочи со селекцијата на Холандија, додека Франција ќе игра против Романија.