Ракометарите на Струга во натпревар од 9. коло од Суперлигата потешко од очекуваното дојдоа до триумф против Вардар Неготино, со резултат 26:24 (16:14), откако во неизвесен финиш ги освоија трите бода и победнички си заминаа од Неготино.
Вардар Неготино успешно му парираше на фаворизираниот состав од Струга, кој никако не можеше да го скрши отпорот на домаќинот. Во егал се играше во текот на целиот натпревар и гостите со подобрата одбрана во клучните моменти дојдоа до остварување на зацртаната цел.
Откако Струга водеше со 24:22, домаќинот намали на 24:23 и можеше да освои барем бод, но поискусните ракометари на гостинската екипа не дозволија да има изненадување. Стружани се одлепија на 25:23 и на искуство го добија дуелот во Неготино. Со новата победа Струга остана во игра за пласман во плеј-оф фазата.
Најефикасни во победничката екипа беа Бобан Блажески и Петар Бугариновиќ со по осум, односно седум погодоци. Во поразениот табор се истакна Драган Кузманов со шест погодоци.