Репрезентацијата на Романија, која е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство, во подготвителниот период за континенталниот собир одигра неколку пријателски натпревари.
Во контролниот натпревар против Германија, кој заврши без победник 29:29, повреда заработи ракометарката на Глорија Бузау, Лаура Приставица, која игра на позицијата среден бек.
Според романскиот портал „Фанатик“ искусната ракометарка има повреда на коленото и не се знае дали ќе настапи на Европското првенство, кое ќе започне на 4 ноември.
Некогашниот голем талент Елиза Бучеси, исто така е неизвесна за настап на континенталниот собир, а поради одбивањето да се вакцинираат против коронавирус, на Европското првенство нема да настапат неколку романски ракометарки.
Нивните имиња не се откриваат и сѐ уште не е познато кој состав ќе допатува Романија во Скопје бидеќи четири ракометарки се повредени и не се знае дали ќе бидат подготвени за ЕП. Избраничките на Флорентин Пера освен со Македонија ќе играат и со репрезентациите на Франција и Холандија.