Тимот на Еурофарм Пелистер во натпреварот против Агуаш Санташ остана без тунискиот десен бек Усама Хосни, кој заработи повреда во воведниот дел од дуелот.
Додека битолчани беа во напад, Хосни се повреди и се виткаше од болка на теренот.
Медицинските екипи на двата тима, се обидуваа да му помогнат, но на крајот искусниот ракометар беше изнесен на носилки.
Од Еурофарм Пелистер соопштија дека повредата не е сериозна и дека се работи за дислокација на палецот на десната нога.
Избраниците на Ларс Валтер и покрај неиграњето на Хосни успеаја да триумфираат против Агуаш Санташ со 29:27.
Пех за Еурофарм Пелистер: Хосни на носилки изнесен од теренот! (ФОТО)
Еурофарм Пелистер победнички се враќа од Португалија, падна Агуаш Санташ