Пех за Еурофарм Пелистер: Хосни на носилки изнесен од теренот! (ФОТО)

Тимот на Еурофарм Пелистер остана без тунискиот десен бек Усама Хосни, кој заработи повреда на мечот од второто коло против Агуаш Санташ.

Додека битолчани беа во напад, Хосни се повреди и се виткаше од болка на теренот, но не е познато за каков тип на повреда се работи.

Медицинските екипи на двата тима, се обидуваа да му помогнат, но на крајот на носилки беше изнесен од теренот.

Тренерот Ларс Валтер не може да смета и на повредениот Мартин Велковски на десната бековска позиција, па Мирко Радовиќ ќе мора да покрие на ова место до крајот на мечот.