Ракометарите на Еурофарм Пелистер водат на полувремето со три гола, 15-12, на гостувањето кај португалскиот Агуаш Санташ во натпревар од второто коло во Лигата на Европа.
Мечот не тргна според очекувањата на битолчани. Агуаш Санташ поведе со 3-0, но македонскиот вицепрвак набрзина се врати во игра и израмни на 3-3.
Во 7 минута се повреди десниот бек Усама Хосни, кој од стартот на сезоната е меѓу најдобрите стрелци, кој беше на носилки изнесен на теренот.
Се играше гол за гол во следниот период до 5-5. Потоа тргна серијата на Еурофарм Пелистер. Пешевски погоди два пати, реализираше и Костески, па битолчани поведоа со 10-6.
Кузманоски промаши пенал, па Агуаш Санташ казни на спротивната страна и предноста беше преполовена, 12-10. Валтер повика тајм-аут, па Костески и Сери стрелаа за плус три на пауза, 15-12.
Пешевски погоди три пат, по два гола имаат Ојлески, Костески и Хенеберг, а голманот Лесјак има четири одбрани.