Првиот ривал на Македонија на Европското првенство, селекцијата на Франција, имаше одлична проверка пред стартот на континенталниот собир.
Избраничките на Оливие Крумболц славеа на вториот пријателски натпревар против Полска со убедливи 30-19.
Особено беше добра играта во одбрана во вториот дел на Франција на чело со Клеопатра Дарле, која прими само пет гола, а првото полувреме заврши 12-14.
Вториот ривал на Македонија на ЕП, Холандија забележа и трет триумф во Златната лига, откако славеше и над Данска со 26-25.
Пријателски натпревари:
Франција – Полска 30-19
Холандија – Данска 26-25
Тунис – Египет 27-24
Шпанија – Швајцарија 37-26
Шведска – Чешка 26-26
Норвешка – Бразил 27-22