Екипата на Нант, која пред неколку дена прослави убедлива победа против Кил во рамки од Лигата на шампионите, денес го доживеа првиот сезонски пораз во домашниот шампионат.
Нант на гостински терен беше поразен од тимот на Лимож со четири гола разлика 35:31. Лимож до победата стигна со подобрата игра во првиот дел, откако на пауза резултатот беше нерешен 18:18.
Најефикасен во победничката екипа беше Ангел Фернандез со седум погодоци, додека двајцата словенечки ракометари Јуре Доленец и Драган Гајиќ имаа по пет реализации.
Во редовите на Нант листата на стрелци беше предводена од Каулди Одриозола со пет погодоци. Голманот на Нант, Виктор Халгримсон имаше 12 интервенции, кои не беа доволно за неговата екипа да оствари поволен резултат.
Во следното коло Нант ќе игра против Кретеј, а тимот на Лимож ќе гостува кај Сесон.