Веспрем во проблеми – Мае мора на пауза

Средниот бек на унгарскиот Веспрем и француската репрезентација, Кентан Мае, го чека пауза од ракометните терени.

Мае заработи повреда на натпреварот меѓу Франција и Летонија од квалификациите за ЕП 2024 што беше одигран пред десетина дена.

Се работи за повреда на ребрата и според првичните најави, Мае ќе мора да паузира пет-шест недели.

Тој нема да му биде на располагање на тренерот Момир Илиќ за следните два или три меча од Лигата на шампионите, но неговиот настап на СП за Франција не бии требало да е доведен во прашање.