Учесникот во Лига на Европа, Скјерн од Данска објави дека ја продолжи соработката со капитенот на екипата, кружниот напаѓач Емил Бергхолт.
Раководството на клубот и 25 годишниот ракометар, кој од својата кариера настапува за екипата на Скјерн, се договорија на долгорочна соработка.
Бергхолт во Скјерн ќе остане и во наредните четири сезони, односно дресот на Скјерн ќе го носи до јуни, 2027 година.
,,Се гледам себеси како играм само во еден дански клуб, а тоа е Скјерн. Во моментов го живеам мојот детски сон и немам немара да застанам тука. Се чувствувам многу добро во овој клуб и амбициите на клубот се совпаѓаат со моите. Среќен сум што ќе продолжам да играм во зелениот дрес и во наредните години“, изјави Бергхолт за клупската страна на Скјерн.
Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона Бергхолт ја доби и капитенската лента.
Скјерн во првото коло од Лига на Европа беше поразен од Нексе со 30:29.