Раководството на Нант преку клупската страна на клубот соопшти дека ја продолжи соработката со левото крило Батрис Даматрин.
Младиот ракометар, кој има 22 години и кој ја дели минутажата со Валеро Ривера, во Нант ќе остане и во сезона 2023/24.
Даматрин во Нант пристигна во текот на 2018 година и својот прв професионален договор со клубот го потпиша во 2020.
На четирите одиграни натпревари на почетокот на новата сезона во Лига на шампионите постигна десет погодоци.