Еурофарм Пелистер со пораз од данскиот тим Архус со 30-27 ја стартуваше новата сезона во Лигата на Европа.
Тренерот на битолчани, Ларс Валтер, смета дека неговите избраници им дозволиле премногу лесни погодоци на противниците.
„Можеме да бидеме задоволни само од почетокот. Но одигравме лошо кон крајот на првиот дел, со серија од 9-2. Започнавме да губиме ритам и да се потпираме на индивидуални квалитети. Имавме многу грешки, а ривалот нè казни со голови од контранапади. Им дозволивме многу лесни голови. Не можеме да бидеме горди на она што го одигравме денес и мора да го промениме тоа“, изјави Валтер.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај Агуаш Санташ следниот вторник од 20:45 часот.