Алмеида ја предводи листата на стрелци кај дамите, следуваат Анчева, Гичева…

Бразилската интернационалка во редовите на Куманово, Андреза Алмеида по седум одиграни кола ја предводи листата на стрелци во Женската лига. Ракометарката на Куманово, моментално, е лидер на стрелците кај дамите со 92 постигнати погодоци.

На втората позиција се наоѓа искусната ракометарка на Астибо, Марија Анчева, која минатата сезона ја заврши со 229 погодоци. Анчева до овој момент има постигнато 66 погодоци, додека екс репрезентативката на Македонија и членка на Гевгелија, Мери Гичева со 54 погодоци се позиционира на 3. позиција на стрелците.

Два гола помалку од Гичева, односно 52, има постигнато ракометарката на Пелистер, Моника Босилковска. Битолчанката со својот тим имаат голема шанса да обезбедат пласман во плеј-оф фазата и да се борат за излез на европска сцена.

Ракометарката на Деспина Прилеп, Михаела Петреска со 47 погодоци е на петтото место на листата на стрелците. Деспина во годинешната сезона влезе со скромни амбиции и според резултатите и прикажаното на терен, по регуларниот дел ќе игра во плеј-аут фазата од Женската лига.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ, ЖЕНСКА ЛИГА, ТОП 5

  1. Андреза Алмеида (Куманово ) 92
  2. Марија Анчева (Астибо) 66
  3. Мери Гичева (Гевгелија) 54
  4. Моника Босилковска (Пелистер) 52
  5. Михаела Петреска (Деспина) 47