Најдобрата македонска судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат дел од официјалните лица на претстојното Светско првенство во Полска и Шведска.
Низата што започна од 2005 година ќе продолжи и во 2023 година, па Начевски и Николов ќе го запишат својот седми Мундијал.
Македонската двојка од 2005 година суди на големи натпреварувања, без разлика дали станува збор за младинско, сениорско, машко или женско натпреварување.
Освен ЕП и СП, Начевски и Николов досега судеа и на три Олимпијади, а позади нив се и многу натпревари на клупско ниво.
Покрај македонската репрезентација, која е во група со Холандија, Норвешка и Аргентина, нашата земја ќе има уште двајца претставници на Светското првенство.