Репрезентацијата на Романија, која е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во ноември, пред доаѓањето во Скопје ќе тестира против Унгарија.
Избраничките на Флорентин Пера во Татабања ќе одиграат два пријателски натпревари против селекцијата на Унгарија, која исто така ќе учествува на континенталниот собир.
Романија првиот натпревар против Унгарија ќе го одигра на 28 октомври, додека последниот тест пред Европското првенство ќе го има на 29 октомври.
Европското првенство 2022, на кое нашата држава заедно со Црна Гора и Словенија ќе бидат домаќините, ќе стартува на 4 ноември и ќе се игра до 20 ноември.
Романија во првата фаза ќе настапи во групата Ц заедно со Македонија, Франција и Холандија.