Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, обезбеди место меѓу најдобрите 16 во Купот на Германија.
Цвикау славеше на тешкото гостување кај Гепинген со два гола разлика 30-28, а на полувремето беше нерешено, 12-12.
Предводени од Маџовска која постигна четири гола од пет обиди, а подели и две асистенции, Цвикау се најде во осминафиналето.
Левиот бек игра во одлична форма во Бундес лигата и во Купот пред стартот на Европското првенство на кое Македонија ќе биде домаќин.