Македонија со 17 ракометари во Турција, и Манасков во комбинација

Машката репрезентација на Македонија отпатува за Турција, каде утре во градот Ван го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

Селекторот Кире Лазаров поведе 17 ракометари, меѓу кои и повратникот Дејан Манасков, кој се очекува да настапи за националниот тим по подолго време.

Од комбинација отпаднаа пивотот Марко Стојковиќ, голманот Марко Кизиќ, левото крило Петар Атанасијевиќ и средниот бек Марко Митев. За Турција патуваат Мартин Томовски, Михајло Младеновиќ и Костадин Петров, кои не настапија на дуелот со Луксембург.

За разлика од претходните патувања кога имаше чартер летови, овојпат сениорите патуваат со редовна линија.

Авионот за Истанбул требаше да полета во 8:40 утринава, но имаше скоро два часа доцнење. Вториот лет за Ван полетува во 13:50 часот по македонско време и сениорите би требало да бидат во 15:50, односно 16:50 часот по турско време на крајната дестинација. Се надеваме дека доцнењето на првиот лет нема да биде проблем за нашата експедиција да го „фати“ вториот авион.

Натпреварот меѓу Турција и Македонија се игра утре во Ван од 16:00 часот, а ќе го судат Австријците Бркиќ и Јусуфхоџиќ.

Состав на Македонија: Митревски, Томовски, Кузманоски, Манасков, Георгиевски, Костески, Петров, Маркоски, Пешевски, Серафимов, Јагуриновски, Талески, Атанасијевиќ, Џонов, Кузмановски, Младеновиќ, Ѓоргиев.