Македонија со победа против Луксембург го отвори квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024. Противникот далеку од реномето на македонската репрезентација беше шанса за селекторот Лазаров да им даде можност на сите ракометари и да испроба нови тактички решенија кои треба да му донесат пласман нанов континентален собир. Еден од лидерите на Македонија секако е Филип Кузмановски кој неколку години настапува успешно во најсилната ракометна бундес лига.
Нашите цели се секогаш исти да продолжиме со континутитет на големите натпреварувања. На секој натпревар го даваме максимумот. Имаме многу млади играчи, јас и Талески сме тука како вистински водачи. Повеќе ја немаме поддршката од Кире Лазаров, Миркуловски, Стоилов на теренот и затоа ние треба да бидеме пример за помладите. Играме модерен ракомет, трениераме напортно, ќе видиме оваа Македонија што ќе покаже. Нашата цел е постојано да имаме квалитетни 16 или 18 играчи, за да може да не се почуствува разлика во квалитет при ротациите.
Повеќе ги нема Лазаров, Миркуловски, Стоилов во репрезентација, па бековската постава никогаш не била помлада. Некогашните ментори заминаа на клупа и трибините, а Кузамновски вели сега е ред на нас.
Како помлад се чуствуваш како да немаш притисок, се беше оставено на поискусните, долги години не „трпеа“, наше беше да напредуваме, да се сплотиме да прераснеме во квалитетни играчи. Сега дојде време на нас, да ги замениме да се покажеме во најдобро светло, за тие да бидат задоволни од нас. -заврши Кузмановски.
Следниот натпревар Македонија го игра во Ван, за четири дена, против селекцијата на Турција, тоа ќе биде првиот вистински испит за амбициите на македонските репрезентативци во овој квалификациски циклус.
Македонија со „новите момчиња“ доминантно и триумфално го почна патот на ЕП 2024