Некогашниот ракометар на Вардар и еден од најдобрите играчи во историјата на грузискиот ракомет, Тите Каланадзе, има нов предизвик во кариерата.
Тој стана нов селектор на Грузија и ќе ја води оваа репрезентација во квалификациите за ЕП 2024 во групата со Унгарија, Швајцарија и Литванија.
Грузијците долго време се мачат во претквалификации и баражи за ЕП и СП, но сега се надеваат дека е дојдено времето да направат чекор напред. Каланадзе досега работеше со младинските селекции на Грузија.
Во исто време на прес конференцијата на која беше промовиран Каланадзе, грузиската федерација им се заблагодари на Шота Тевтадзе, Рати Мсквилидзе и Реваз Чантурија, кои ја завршија репрезентативната кариера.
Мсквлидзе дел од кариерата мина во Еурофарм Пелистер, додека Чантурија одамна е во Македонија, играше за Металург, Еурофарм Пелистер, Струга, Зомимак, а сега е играч-тренер во Прилеп.