Македонскиот шампион Ѓорче Петров вечерва го игра реванш натпреварот против тимот на КА Тор, во рамки од второто коло од Европскиот Куп.
Првиот дуел, кој беше одигран вчера и на кој Ѓорче Петров беше формално домаќин, заврши без победник, 20:20.
Ракометарките на Ѓорче Петров вечерва ќе треба да го дадат максимумот и да остварат минимална победа, со цел да обезбедат пласман во следната фаза во третото по ранг квалитетно европско натпреварување.
Тренерот Симе Симовски го одреди составот за реванш натпреварот. Ростерот е истиот што настапи и во првиот дуел. Исто така и КА Тор ќе настапи со истиот состав, односно со сите 16 ракометарки.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и КА Тор ќе се одигра со почеток од 21:30 часот.