Костески со Плзен го победи поранешниот клуб

Продолжува победничката серија на тимот на Плзен, каде што настапува македонскиот интернационалец Никола Костески.

Плзен на домашен терен славеше против словачкиот првак, кој годинава игра и во чешкото првенство – Татран Прешов, со 37-34.

Костески играше само во првото полувреме и успеа да постигне два гола од два обиди против пораешниот негов клуб.

За Плзен следува уште натпревар претстојниот викенд пред ЕХФ неделата, на гостински терен против Страконице.