Европската ракометна федерација ги потврди шеширите со екипите пред ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа, каде единствен македонски претставник ќе биде Еурофарм Пелистер.
Битолчани имаат директно место во групната фаза и ја чекаат ждрепката утре во Виена за да ги дознаат ривалите. Тие ќе бидат дел од вториот шешир заедно со шведскиот Иштад, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен и шпанскиот Гранољерс, и со нив сигурно нема да играат во групната фаза.
Со оглед на тоа што Португалија, Германија, Шпанија и Унгарија имаат по три тима во групите, а два тима од иста држава не може да играат во иста група, јасно е дека Еурофарм Пелистер ќе добие некој ривал од овие држави.
Ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа ќе се одржи в четврток со почеток од 11:00 часот.
Лига на Европа, 2022/23, ждрепка:
шешир 1: Бенфика, Фуксе Берлин, Екс Ан Прованс, Скјерн
шешир 2: Еурофарм Пелистер, Иштад, Гранољерс, Кадетен Шафхаузен
шешир 3: Татран Прешов, Мотор Запорожје, Валур, Балатонфуреди
шешир 4: Фленсбург, Бидасоа, Гепинген, Спортинг
шешир 5: Монпелје, Орхус, Бенидорм, Нексе
шешир 6: Веспрем КФТ, Агуаш Санташ, Алпла Хард, Ференцварош