Меѓународната ракометна федерација одреди Косово, поточно Приштина да биде домаќин на ИХФ трофејот во машка кадетска и младинска конкуренција.
Од 11 до 15 октомври по пет селекции во двете конкуренции ќе се борат за трофејот во ова натпреварување, а победникот од европската зона може до билет за СП.
Кај кадетите ќе играат Албанија, Бугарија, Велика Британија, Косово и Грузија, додека кај младинците Андора, Бугарија, Велика Британија, Косово и Малта.
Ова е натпреварување што го организираат ИХФ и ЕХФ за најниско рангираните земји, преку кое имаат можност да стигнат до Мундијал.
Кадетското СП на кое игра и Македонија ќе се одржи во Хрватска во август 2023 година, додека младинското СП ќе се игра во Грција и Германија во јули 2023 година.