Некогашниот МВП на младинското Европско првенство и поранешен член на Вардар, Грегор Оцвирк се врати во српскиот шампион Војводина.
Како што пишува „Балкан Хендбол“, словенечкиот среден бек се враќа Нови Сад, откако и минатата сезона беше дел од Војводина, но летоска не се договори за продолжување на соработката. Откако не најде нов ангажман, реши да се врати назад.
Сепак тој нема игра неколку недели бидејќи ќе му биде потребно време за да ја фати потребната форма за натпревари од српското првенство, СЕХА лигата и Европскиот Куп.
Оцвирк од Целје дојде во Вардар, но се задржа кратко време, пред да заигра во Јерусалем Ормож и шведскиот Кристијаштад, од каде дојде во Нови Сад.
Војводина претходно го донесе и белорускиот репрезентативец Борис Пуховски, а од клубот замина Немања Прибак.