Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациите за ЕП 2024 година.
Македонските арбитри и делегати ќе бидат дел од четири натпревари.
Двојката Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат натпреварот во Клаипеда меѓу Литванија и Швајцарија на 16 октомври од 13:45 часот.
Камер Металари ќе биде делегат на дуелот во Тбилиси меѓу Грузија и Унгарија на 16 октомври од 16:00 часот.
Ацо Николовски патува во Подгорица, каде што ќе биде делегат на средбата меѓу Црна Гора и Косово што ќе се игра на 12 октомври од 18:00 часот.
Марјан Начевски ќе биде делегат во Нови Сад на двобојот меѓу Србија и Финска што ќе се игра на 12 октомври од 18:00 часот.