Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за следните натпревари во Лигата на шампионите.
Двојките од Македонија добија делегирање на три натпревари од вкупно 16 што ќе се играат следнава недела кај мажите и жените во елитното натпреварување.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат арбитри на мечот во Германија, меѓу шампионот Магдебург и полската Висла Плоцк, што ќе се игра на 6 октомври од 18:45 часот.
Ненад Николовски и Исмаил Металари се делегирани за средбата меѓу Крим Меркатор и ФТЦ во Љубљана што ќе се игра на 9 октомври од 14:00 часот.
Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе бидат арбитри на мечот меѓу Ѓер и Локомотива Загреб во Ѓер, а овој дуел е закажан за 9 октомври од 16:00 часот.