Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, вечерва беше дел од присутните на натпреварот меѓу Загреб и Порто.
Тој заедно со соиграчот од Динамо Загреб, Мислав Оршиќ, им даде поддршка на Дибиров, Чупиќ и останатите во битката со португалскиот првак.
„Плинарите“ беа предводени од екс вардарецот Дибиров, кој даде десет гола во мрежата на Порто.
Ристовски, пак, поради повреда не беше дел од последната репрезентативна акција на фудбалерите и не настапи против Грузија и источниот сосед на Македонија.