Репрезентацијата на Хрватска на Европското првенство во ноември, на кое нашата држава заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќините на континенталниот собир, ќе има тежок предизвик да го повтори успехот од претходното европско првенство, бидејќи ќе настапи без три стандардни репрезентативки.
Освен левиот бек Ќамила Мичијевиќ, на ЕП нема да настапи Ана Турк, а неизвесен е настапот на Дејана Милосављевиќ. Искусната Ана Турк има скршеница на вилицата и дефинитивно нема да биде во составот на „коцкестите“, за Европското првенство во ноември.
Милосављевиќ пред извесен период имаше операција на левата рака, а лекарите утврдиле дека може да се врати на терените за најмалку еден месец. Сепак, нејзиниот настап на Европското првенство е неизвесен.
Како што е веќе познато, една од најдобрите играчи во хрватската репрезентација, Чамила Мичијевиќ, на почетокот на месец јули направи операција на десното колено и нејзиниот камбек на терените ќе биде на почетокот на новата година, односно во месец јануари.
Хрватска на Европското првенство ќе игра заедно со Швајцарија, Унгарија и Норвешка во рамки од групата А. Избраничките на Ненад Шоштариќ на ЕП 2020 го освоија бронзениот медал, но во ноември ќе имаат тешка мисија да направат нешто повеќе од солиден успех.