Последен поздрав од клубовите за Бошковски, денешните натпревари со минута молчење (ФОТО)

Денеска македонската јавност ја потресе веста за смртта на еден од најдобрите наши тренери Андон Бошковски.

Македонските клубови на социјалните мрежи се простуваат од Бошковски, кој оваа сезона го предводеше косовскиот тим Вучитрн.

Од него се простија Ракометната федерација на Македонија, голем број на клубови, ракометари, ракометарки и ракометни работници.

Денешните натпревари во сите лиги ќе започнат со минута молчење во чест на македонскиот тренер.

Македонскиот ракомет завиен во црно – почина Андон Бошковски