ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар и Чаир на дерби двобој, Куманово ја брка првата победа

Денеска во Македонија ќе продолжат натпреварите од 3. коло од Женската лига. Ќе се одиграат четири натпревари, а најинтересно се очекува да биде во СЦ „Јане Сандански“ каде ракометарките на Вардар за противник го имаат незгодниот состав на Чаир, кој во минатото коло триумфираше над вицепрвакот Куманово.

Екипата на Куманово по двата воведни порази, од Вардар и Чаир, денес на свој терен ќе ја пречека Гевгелија и ќе се обиде да ја запише првата победа во новата натпреварувачка сезона. Ќе се играат натпревари и на европските терени во Германија, Данска, Франција, Исланд, Норвешка, Полска, Романија, Шведска, Турција и Швајцарија.

Свои настапи ќе имаат и дел од македонските интернационалци, а на програмата сѐ и четири натпревари во рамки од Лигата на шампионите. Со денешните натпревари во Лигата на шампионите ќе се комплетира 2. коло во споменатото натпреварување.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 СПОР ТОТО – КОЈЃЕГИЗ (ТУРЦИЈА)

16:30 ЉУБЛИН – КОБЕРЖИЦЕ (ПОЛСКА)

17:00 БУЗАУ – СТЕУА БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)

17:30 ВАРДАР – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)

17:30 КУЗМАН ВАРДАР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)

18:30 ЗАГЛЕБИЕ ЛУБИН – ГАЛИЧАНКА (ПОЛСКА)

18:45 ГОГ – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:45 НАНТ – ПИК СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

19:00 МАЛМЕ – ХАЛБИ (ШВЕДСКА)

19:00 СТРУЖАНКА – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)

19:05 ФУКСЕ БЕРЛИН – ХАМ ВЕСТФАЛЕН (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ГУМЕРЗБАХ – ШТУТГАРТ (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ХАМБУРГ – БЕРГИШЕР (БУНДЕС ЛИГА)

19:05 ЛАЈПЦИГ – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)

19:15 БЕРН – ЦИРИХ (ШВАЈЦАРИЈА)

20:00 САВЕХОФ – СКОВДЕ (ШВЕДСКА)

20:00 КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)

20:30 КОЛДИНГ – АРХУС (ДАНСКА)

20:45 БАРСЕЛОНА – КЕЛЦЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

20:45 МАГДЕБУРГ – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)