Македонската репрезентативка Симона Стојковска имаше одличен старт на сезоната во Бундес лигата.
На дуелот што нејзиниот тим Цвикау го загуби на гостински терен кај составот на Бад Вилдунген со 29-28, Стојковска беше втор стрелец.
Македонскиот лев бек постигна четири погодоци од пет обиди, а следен предизвик пред ЕХФ неделата за Стојковска и Цвикау ќе биде дуелот со Бломберг.
Женската репрезентација на Македонија во рамките на ЕХФ неделата ќе одигра две пријателски средби со Норвешка Б во Скопје.