Доаѓањето на Енди Шмид и Марин Шипиќ во Криенс, ги зголемија шансите на тимот од Луцерн да се бори за врвот во швајцарскиот шампионат, но никој не очекуваше ваков одличен старт.
По четири одиграни натпревари, Криенс Луцерн има учинок од три победи и едно реми. Во првото коло го победија шампионот од пред две сезони, Фади Винтертур со 29-25, а сега го шокираа и актуелниот првак Кадетен на гостински терен со 34-30.
Неверојатна партија имаше пивотот Марин Шипиќ, кој даде 10 гола од 10 обиди, Енди Шмид постигна 12 погодоци, додека српскиот интернационалец Милош Орбовиќ додаде уште четири.
Во претходниот меч против Цирих, Шмид даде дури 17 голови и сега има вкупно 46, а тоа значи во просек по 12 на натпревар!