Довчерашната ракометарка на Чаир, Ана Марија Божиновска во новата натпреварувачка сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.
Левиот бек се пресели на Кипар и ќе настапува за екипата на Есентепе, која има амбиции да ја освои шампионската титула во кипарскиот шампионат.
Божиновска во последните две сезони го носеше дресот на Чаир, клуб со кој имаше настапи и на европска сцена, односно во Европскиот куп.
23-годишната ракометарка во својата кариера настапуваше и за екипите на Металург и Вардар. Во изминатата сезона беше меѓу најдобрите 20 стрелци во шампионатот на Македонија.