Ристовски: Без разлика на овој пораз, убедени сме дека пак ќе бидеме шампиони!

Еурофарм Пелистер славеше против Вардар со 23-22 во драматичен натпревар во Охрид и го освои трофејот во Суперкупот на Македонија.

Искусниот голман на Вардар, Борко Ристовски ги сподели своите впечатоци по дуелот со Еурофарм Пелистер.

,,Според моите гледишта, ние како екипа сме поквалитетни, но Еурофарм Пелистер има подолга клупа и ротација и можеби тоа ја дава таа изедначеност. Ние одевме на победа на овој натпревар и уште поважно за нас беше да им дадеме на знаење на младите играчи, кои треба да бидат замена за постарите играчи, дека треба да се присутни за да му помогнат на Вардар да ги оствари своите цели, а тоа се одбрана на дуплата круна. Ние чекориме цврсто на земја и без разлика на овој резултат сме убедени дека повторно ќе бидеме шампиони на Македонија, но за сето тоа ќе треба многу да се работи и младите играчи да напредуваат на тренинзите и на натпреварите од домашниот шампионат. Можам да кажам дека поразот е реален и треба уште малку да се подобриме за да го стигнеме Еурофарм Пелистер”, изјави Ристовски.

Пелистерци и вардарци сега ги очекува продолжението од првенството и потоа стартот на регионалната СЕХА лига.

Драма во Охрид: Еурофарм Пелистер го одбрани Супер купот, а Вардар најави дека сезонава има сили да им парира