Кадетскиот и младински репрезентативец на Македонија, Мирче Калајџиески, кој игра на позиција среден бек и кој настапуваше за екипата на Слован, во новата сезона останува во словенечкиот шампионат, но ќе игра во друг клуб.
Екипата на Шмартно, која во изминатата сезона заврши на последното место во најквалитетната лига во Словенија, одлучи на средната бековска позиција да го ангажира Калајџиески, кој беше еден од најзаслужните за освоениот златен медал на македонската репрезентација на ЕХФ шампионатот за кадети во Летонија.
Раководството на Шмартно го претстави Калајџиески како големо засилување за новата натпреварувачка сезона, 2022/23. Стружанецот беше и на поширокиот список за настап на ЕХФ шампионатот за младинци во Варна.
Шмартно во новата сезона ќе игра во Првата лига во Словенија, бидејќи во изминатата сезона не успеа да обезбеди опстанок во словенечката елита.