Исто како и во Првата лига, така и Женската лига во новата сезона ќе стартува со една екипа помалку.
Се откажа тимот на Феникс од Битола, па во единствената женска сениорска конкуренција ќе играат 15 тима поделени во две групи.
Во групата Б каде што беше извлечена екипата на Феникс, ќе останат да се натпреваруваат седум тима, па во секое коло еден од нив ќе биде слободен.
Таму ќе игра актуелниот шампион Ѓорче Петров, Астибо, Металург, Кузман Вардар, Деспина, Стружанка и Овче Поле Славјански Универзитет.
Женската лига ќе стартува следниот викенд.