Петровиќ: Во Австрија загубивме на наши грешки, но во Битола со помош на публиката…

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 го очекува реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против австриската екипа Алпла Хард.

Битолчани на гостински терен загубија со 24-21, но босанскиот десен бек Павле Петровиќ смета дека в недела пред полни трибини ќе биде поинаку.

„Импресиите се уште се силни, тоа беше за мене прв европски натпревар во кариерата. Мислам дека можевме многу подобро, но загубивме на свои грешки и сметам дека со помош на публиката можеме да го победиме Алппа Хард во Битола, секако ќе мораме да го дадеме максимумот. Добро се држевме во одбраната, но имавме грешки во нападот и затоа загубивме. Сметам дека може да се носиме со австрискиот тим и ќе биде многу подобро во Битола“, вели Петровиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Алпла Хард се игра в недела со почеток во 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.