Тимот на Тиквеш од Кавадарци, кој има големи амбиции оваа сезона, договори уште едно засилување пред дуелот со Еурофарм Пелистер 2.
Станува збор за искусното лево крило и одличен реализатор, Зоран Стојановски, кој доаѓа во Кавадарци, по една сезона во Голден Арт.
Стојановски потекнува од Борец Велес, играше за Овче Поле, а долги години беше чле на тимот на Радовиш пред лани да се пресели во Скопје.
Во Тиквеш ќе ја дели позицијата со Димитар Коцев, додека Дарко Кондев го чека пауза поради повредата на рамото.
Тиквеш ќе игра во групата Б од Суперлигата со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода, Голден Арт и Скопје.