Пред финалниот натпревар од роденденскиот турнир на Веспрем, унгарскиот тим приреди трогателно простување за Мате Лекаи.
Некогашниот капитен на Веспрем беше дел од тимот осум сезони и доби достојно испраќање од навивачите и раководството пред дуелот со Кил
Легендарниот среден бек беше ослободен од обврските една година пред истекот на договорот. Иако стручниот штаб го планираше во ростерот, но со минимална минутажа, искусниот Лекаи реши да замине.
Тој потпиша договор на две сезони со Ференцварош, со кој настапува во Лигата на Европа и има убедлив триумф во првиот меч од квалификациите против романската Баја Маре.