Симиќ е МВП на турнирот во Охрид, нај стрелец Којадиновиќ, а најдобар голман Трнавац

По одигрувањето на финалниот натпревар меѓу Партизан и Тиквеш, кој го доби македонскиот тим по изведувањето на пеналите со 33-32, беа доделени и индивидуалните награди.

За најкорисен играч на првото издание на турнирот „Крсте Андоновски – Усташ“, беше прогласен средниот бек на Тиквеш, Страхиња Симиќ.

За најдобар голман беше прогласен српскиот голман од Партизан, Андреј Трнавац, кој пружа одлични партии на двата меча со Пролет и Тиквеш.

За најдобар стрелец беше прогласен Урош Којадиновиќ, крилото на Партизан.

Третото место го освои составот на Охрид, кој славеше над Пролет со 27-23.