Четврфиналниот дуел меѓу Вардар и Нексе Нашице во регионалната СЕХА лига привлече многу внимание.
На трибините во СЦ „Јане Сандански“ беше присутен селекторот на сениорите, Кире Лазаров, како и селекторот на кадетите, Раде Стојановиќ.
Покрај нив, тука беше и познатата водителка Лила Филиповска, како и некогашната германска репрзентативка Ања Алтхаус, која сега е дел од стручниот штаб на Скопје.
Во „Јане“ беше и македонскиот тренер Андон Бошковски, дел од играчите на Алкалоид…
Вардар загуби по изведувањето на удари од седум метри со 32-30 и втора година по ред нема да игра на Ф4 во СЕХА лигата.