Белорускиот шампион Мешков Брест, кој е противник на Еурофарм Пелистер во четвртфиналето од СЕХА лигата, пред дуелот со „фармацевтите“ се засили со нов ракометар во своите редови.
Станува збор за 22-годишниот ракометар Еудард Јарош. Новиот член на Мешков Брест настапува на позицијата лево крило и во составот на Дмитри Тихон пристигна од суперлигашот Гомел.
Јарош со раководството на Мешков Брест се договори на тригодишна соработка и дресот на белорускиот шампион ќе го носи јуни, 2025 година.
Во изминатата сезона во шампионатот на Белорусија се покажа во одлично светло и добрите настапи му донесоа трансфер во тимот од Брест.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест што носи место на Ф4 во СЕХА, се игра на 25 август во Битола во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.