Тимот на Прилеп ја продолжува традицијата и ова лето ќе го организира меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.
Ова лето ќе се одржи седмото издание на турнирот посветен на прилепската легенда со учество на шест екипи, кои ќе бидат поделени во две групи.
На турнирот покрај домаќинот Прилеп, ќе играат уште три екипи од Македонија – Струга, Скопје и новиот прволигаш Мулти Есенс, како и две екипи од странство – Дубочица од Лесковац и ПАОК од Солун.
Турнирот ќе се игра три дена, од 26 до 28 август. Првите два дена ќе бидат одиграни натпреварите по групи, додека на последниот ден ќе се игра за пласман.
Лани турнирот го освои екипата на Тиквеш од Кавадарци.