Трендот на венчавки и свадбени веселби продолжува и во првата половина на месец јули, а последниот викенд имаше уште четири.
Ракометарките на европскиот вицепрвак Ѓер, Доротеја Фалувеги и Силје Солберг, го кажаа судбоносното „ДА“.
Во Тоскана, Италија, свадба правеше десниот бек на Кил и на норвешката репрезентација, Харалд Рајнкинд.
На социјалните мрежи со прстен се пофали и голманот на унгарскиот Веспрем и репрезентацијата на Шпанија, Родриго Коралес.