Женската кадетска селекција од денеска ја започнува последната фаза од подготовките за Мундијалот во Македонија што ќе се одржи од 30 јули до 10 август.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски од денеска ќе тренираат во Маврово, а на првиот собир би требало да има 20 ракометарки.
Десет ракометарки од повиканите веќе играа натпревари на Медитеранските игри, додека другите имаа тренинзи во Скопје, но од денеска ќе бидат во полн состав.
Македонија е во група со Узбекистан, Иран и Сенегал, а првиот меч го има против африканската селекција.